Демократскиот сојуз, договорот помеѓу четирите партии (ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА), го оценува како значаен компромис за демократска и европска Македонија.

????????????????????????????????????

Демократскиот сојуз активно ќе се вклучи во неговата имплементација, при што ќе бара за политичката криза да расправа и Парламентот.

Демократскиот сојуз како и досега ќе инсистира политичка и друг вид одговорност да понесат генераторите на кризата, која нанесе огромна штета на Република Македонија.

Веруваме дека со овој договор се отвораат можности за фер и демократски политички натпревар и победа на граѓаните кои се цврсто определени за владеење на правото, борба против криминалот, слобода на говорот и влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

Слични содржини