Дујовски: Дојавите за бомби се „како по книга“ се прави хибридна закана

од Nikola Popovski

Целта на лажните дојави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и случајно се избираат училиштата, оценува деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски.

– Овој тренд почна пред неколку месеци прво во Србија, Белград, Нови Сад потоа и Сараево. Еве сега и кај нас. Да, тоа е дел од закани коишто засега остануваат само во фаза на погрешно испратени пораки, меѓутоа полицијата има обврски и добро е што се постапува на тој начин.

Децата и наставниците и сите присутни во училиштата мора веднаш да бидат евакуирани и однесени на безбедно и полицијата да ја провери секоја дојава за поставена бомба или каква било закана.

-Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно. Затоа што таму децата патуваат самостојно, родителите вообичаено не знаат каков е процесот додека децата се таму и ова е токму онака како по книга како се прави хибридна закана, вели Дујовски за утринската програма на Македонската телевизија.

Слични содржини