Дујовски: Хибридните закани се сериозен предизвик, полека заземаат посериозни размери

од Vladimir Zorba

Безбедносната состојба во земјата е стабилна. Според сите домашни и европски извештаи Македонија е најбезбедна држава од сите држави во Западен Балкан. Зборувам за општата безбедност. Но во делот на хибридните закани со кои се соочуваме сме пред сериозен предизвик. Ова трае премногу долго и полека зазема посериозни размери. Минатата недела за прв пат имавме дојави за бомби поставени по витални објекти по трговски центри, а не само кон училиштата. Беше нападнат нашиот банкарски систем. Три четири часа не функционирање на НБРМ значи многу“, смета професорот Никола Дујовски во интервју за „Фронтлајн“.

Дујовски потврдува дека сме дел од една глобална хибридна војна во која не сме ниту прва ниту последна земја, а ние како најнова членка на НАТО сè уште ги градиме нашите капацитети на одговор.

Не е тајна дека и во Македонија и во многу други држави во соседството во изминативе години, особено при зачленувањето во НАТО, многу надворешни интереси преку внатрешни политички сили се обидуваат да остварат одредено влијание, вели Дујовски.

Слични содржини