Дуа Липа непрепознатлива со црвена коса – снимаше за Версаче (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Популарната пејачка Дуа Липа стана заштитно лице на новата колекција на Версаче. На Инстаграм се појавија снимки од фотосесија.

Во рекламната кампања, пејачката се појави со огнено црвена коса и носи кожени светли палта, фустани со хипнотички отпечаток од Ла Грека, кожни шалови и заводливи костуми.

Самата Липа признава дека партнерството со Версаче е незаборавно искуство за неа.

„Никогаш нема да го заборавам овој ден!“, напиша таа на социјалните мрежи.

Фотографиите се дело на уникатните Мерт Алас и Маркус Пиггот. Целосната верзија на „lookbook“ ќе биде достапна на 30 август.

Дизајнерката Донатела Версаче во интервју за WWD изјави дека секогаш сметала дека Дуа Липа е многу убава, но кога го слушнала нејзиниот глас, конечно се увери дека пејачката е посебна девојка.

„Не можам да замислам друга жена која толку точно го отсликува духот на Версаче и оваа колекција“, изјави шефот на модната куќа.

Според Версаче, фактот дека Липа не се плашела драстично да ја промени бојата на косата пред фотографиите, зборува за нејзината самодоверба.

Слични содржини