Дублерот на Вин Дизел настрадал тешко за време на снимање

од Vlatko K

Дублерот на Вин Дизел во деветтиот дел од култниот серијал „Брзи и бесни“ насстрадал тешко за
време на снимањето на сцена, објави „Контакт мјузик“. Човекот претрпел сериозна повреда на
главата по паѓање од 10 метри.


Вин Дизел бил сведок на инцидентот. Каскадерот паднал од балконот кога снимал тензична сцена
од филмот, иако имал сигурносно јаже.

„Човекот требаше да скокне од балконот, потоа да се фати за јажето под него и да се спушти на
земја. Тоа не се случи поради проблемот со јажето“, споделија очевидци.

Продуцентите на „Брзи и бесни“ рекоа дека поради инцидентот, снимањето на филмот е прекинато
за еден ден. Дублерот бил однесен во Кралската болница во Лондон.

Најновиот филм во серијата, во кој ќе глумат Мишел Родригез, Шарлиз Терон и Џон Сена, ќе биде
прикажан во кината во 2020 година.

Слични содржини