Американскиот претседател Џо Бајден овој месец ќе ги посети земјите од Централна Европа, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, наведувајќи дека не знае за кои земји станува збор, пренесува „Ројтерс“.
„Тој најверојатно ќе го посети овој дел од Европа во февруари. Овој дел од Европа значи Централна Европа, просторот што се протега од Романија до Естонија. Многу е тешко да се прецизира кои земји ќе ги посети американскиот претседател, немаме конкретни информации“, изјави Дуда.