Дудуш призна вина за напад на Исмаил и си доби опомена

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Шуто Оризари, Куртот Дудуш денеска во Кривичен ја призна вината за напад врз Демир Исмаил.

Тој сподели дека жали за стореното. По признанието, судијата Ѓоко Ристов му изрече казна „судска опомена“.

Исмаил рече дека ќе бара оштета од градоначалникот и добиените пари ќе ги донира во хуманитарни цели.

Претседателот на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.

Слични содржини