ДУИ: Дебатата за одговорноста на министрите ќе продолжи на 19. ноември

од Nikola Popovski

Без епилог заврши синоќешната 12-часовна конститутивната седница на новиот состав на Централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица. Третата точка на дневниот ред на седницата предвидуваше отчет за работата на министрите, заменици министри и државните секретари.

– Конструктивна дебата, прва конститутивна седница, се исцрпија точките во кои се именуваа структурите на ЦП и се даде отчетот на Извршната власт после тоа следеше разгледување на извештајот посветувајќи се на потребите на луѓето на секој проект поединечно и како да се подобри ефикасноста во имплементација на тие проекти во функција на граѓаните, така што дебатата продолжува на 19 ноември со цел да се исцрпи целата расправа и понатаму продолжуваме, изјави партискиот портпарол Бујар Османи.

Претходно во текот на денот беше соопштено дека Артан Груби е избран за шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Бујар Османи за портпарол на партијата, а за заменик портпарол на партијата Арбр Адеми. Исто така избрани се 16 секретари за ист број на партиски секретаријати. Меѓу избраните секретари се Теута Арифи во секретаријатот за образование и наука и Невзат Бејта за локална самоуправа.

Лидерот на партијата Али Ахмети истакна дека нема огнена група во владеачката партија.

-Се е нормално, ќе има дебата. Тоа е се, рече Ахмети за ТВ 24 во едно од своите ретки обраќања на македонски јазик.

По неколку средби на претседателот Али Ахмети со ограноците се одржа Централен совет на кој се избра новото претседателство, во кое дел од „огнените” добија високи партиски позиции.

Слични содржини