ДУИ до ВМРО-ДПМНЕ: Времињата на политиките против Албанците никогаш нема да се вратат

од Nikola Popovski

ДУИ смета дека постојаните реакции на ВМРО-ДПМНЕ се јасен показател за целта на овој политички субјект против Албанците на чело на државните институции, токму во време кога земјата бележи значителен напредок во важните политички процеси за деблокирање на нејзиниот пат кон Европската Унија, во која кадрите на Демократската Унија за Интеграција се ангажирани со целосен легитимитет од народот во соработка со коалициските партнери.

-На ВМРО – ДПМНЕ и пречи стратешката определба и посветеност на ДУИ за градење добрососедски односи со земјите од регионот, за продлабочување на економската соработка со нив, за поефикасни проекти за патна интерконекција, затоа има тенденција да фрла прашина на докажаната проевропска зелена агенда за развој на државата преку пласирање на неосновани обвинувања.

Партијата мора да да научи и да ја прифати реалноста за рамноправното вклучување на Албанците и дека времињата на политики против Албанците, против соседите, против НАТО и ЕУ никогаш не можат да се вратат во нашата земја. Жално е да се види како фрустрацијата на ВМРО ги води на маргините на социјалната толеранција. Неосновани обвинувања, лаги и измислени заговори не и одговараат на една партија која претендира да ја води оваа земја, велат од партијата од Мала Речица, како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија претходно истакнаа дека секогаш кога Али Ахмети сака да ѝ се допадне на меѓународната заедница, во неговите средби се откажува од Косово и ја фали иницијативата на Србија „Отворен Балкан“, каде што Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да им поминат тендерите и милионите во РЕК и „Осломеј“.

-Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите што 20 години се извор на криминал и корупција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини