ДУИ го осуди признавањето на Доњецк и Луганск: Го поддржуваме суверенитетот на Украина

од Nikola Popovski

Демократската Унија за Интеграција со внимание ги следи состојбите во и околу Украина и ги осудува последните одлуки на официјална Москва за одвојување на териториите околу Донбас и Луганск од Украина и нивно ставање под руска власт, соопштија од партијата со седиште во Мала Рецица.

Од партијата додаваат дека се нарушени Договорот од Минск, се минираат разговорите во Нормандскиот формат, и се загрозуваат напорите за дипломатско решение на кризата.

-Ние во целост го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници. Единствени што ќе ги сметаме за успех е суштинска де-ескалација на состојбите, што можат да се постигнат само со повлекување на натрупаните воени сили на Руската федерација околу Украина. Оттука би сакале да ги осудиме сите повици од политичките групации во земјава, нивните коалициоми партнери и стратешки соработници, како и поединци кои ги преставуваат, со кои се одобрува агресивното и непријателско однесување на Русија и се охрабруваат нејзините постапки, велат од партијата.

Слични содржини