ДУИ и Алијанса против интерпелацијата: Дали Џафери ќе го прекршеше Уставот ако зборуваше на англиски јазик?

од Берта Китинска

Спикерот Талат Џафери молчи за интерпелацијата што му ја поднесоа ВМРО ДПМНЕ и Левица.Неговите сопартијци велат дека тој можел да зборува и на англиски во ЕП и никој да не му забележи дека го крши Уставот; Против интерпелацијата е и опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива, а веројатно и СДСМ, од каде што чекаат Џафери сам да се произнесе зошто постапил спротивно на членот 7 од Уставот

Ако зборуваше Џафери на англиски, дали би го прекршил Уставот? Тогаш никој немаше ништо да каже. Но сега некому му пречи затоа што зборувал албански. И не дека навистина му пречи, туку го користи тоа за дневно-политички цели. Вака Арбер Адеми, координаторот на пратеничката група на ДУИ, го оправда денеска својот сопартиец, претседателот на парламентот Талат Џафери, кој „заработи“ интерпелација од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица затоа што се обрати на албански јазик пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, во рамки на самитот „Европски парламент – Западен Балкан” во Брисел.

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова до Собранието доставија интерпелација против претседателот Талат Џафери.

Причината за интерпелацијата на Џафери е тоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел, но и кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството, кои беа позитивни на ковид-19, дојдоа во скафандери за да гласаат за економските мерки.

Слични содржини