ДУИ: Мицкоски не реагира на изјавите на Николоски во кои повикува на војна, слично на наративот од 27 април

од Vladimir Zorba

И втор ден по ред по скандалозните изјави на Александар Николоски во кои повикува на војна среде Собрание, слично и на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО ДПМНЕ не се дистанцира од тие закани, велат од Демократската унија за интеграција во денешното соопштение.

„Николоски е поттикнат од неговиот лидер Мицкоски кој што објавува слика од заклетва во маскирна униформа, со празен калашников во рацете, и опкружен со деца и жени, во кој што демонстрира закани кон Албанците.

Мицкоски се уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници дека изрично им забранил да ги легализираат домовите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со Албански бизнисмени и да не издаваат дозволи за градба, со порив од расистички демографски политики.

Нивната мртва трка со Левица на Апасиев поттикнува етничка нетрпеливост која што ја гледаме и слушаме секојдневно на контактните емисии на македонски телевизии и тоа е директна последница на наративот и сликите нa Мицкоски, Николоски, Апасиев“, додаваат од Мала Речица.

Слични содржини