ДУИ: Не сме запознати со иницијативата на СДСМ за свикување седница

од Берта Китинска

ДУИ не се запознати со содржината на иницијативата на СДСМ и досега не е побарана поддршка или консултација за ова прашање, соопштија за МИА од партијата потенцирајќи дека сите одлуки би требало да се носат со општо консензус и широка поддршка.

Пратеници од СДСМ и НСДП собираат потписи за свикување седница на Собранието за да се потврдат одлуките на претседателот на државата за вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19.

-Ние не сме запознаени со содржината на иницијативата на СДСМ и досега не е побарана поддршка или консултација за ова прашање. Во однос на сите прашања поврзани со тековната состојба која што ги засега сите граѓани подеднакво, би било добро да се решаваат со општ консензус и широка поддршка.
Консензуално го распуштивме Собранието, исто така консензуално и ги одложивме изборите. Секако ќе ја разгледаме иницијативата штом ќе се достави во Собрание, посочуваат од ДУИ.

Слични содржини