ДУИ објави фотографија на која Ахмети држи меч (ФОТО)

од Берта Китинска

На фејсбук-страницата на Демократската унија за интеграција (ДУИ), беше објавена слика  од лидерот Али Ахмети, како држи меч во своите раце.

Под фотографијата пишува „Скопје му го даде мечот на командантот“, алудирајќи на дел од вчерашниот говор на Ахмети за време на предизборниот собир во Скопје.

„Жалам зошто моите колеги Македонци се однесуваат со ваква паника, зошто не излегуваат на дебата, зошто не се соочуваат со Насер Зибери. Со Насер Зибери не се соочуваат заради тоа што им фали знаењето на Насер Зибери. Насер Зибери на соочување оди на природен начин, не со тендеција. Тој оди да ги брани интересите. Од овде барам од младите Албанци, од мисионерите Албанците на 15 јули да ми го дадат мечот и ќе видите како ќе ги ставам во функција моите раце, рече Ахмети.

Слични содржини