ДУИ одбележа 20 години постоење: Ковачевски, Заев и цела влада на роденденската забава (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во паркот во Чаир, политичката партија ДУИ свечено го прослави јубилејниот 20-ти роденден.

-На нашите две децении (постоење) вчера и завчера им се радуваа десетици илјади граѓани на плоштадите во Скопје и Тетово, со силни и издржани причини, затоа што имаат за што да се радуваат и слават.Сите заедно им се радуваат на: МИРОТ, помирувањето, спроведувањето на Охридскиот договор, еднаквоста и правдата, консензуалната демократија, внатрешната, регионална и евро-американска интеграција, како и иднината, зелената агенда.Мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети на забавата.

Ахмети по своето обраќање ја пресече роденденската торта.

На манифестацијата присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев.

Слични содржини