ДУИ преку внатрешна дебата ги надминува сите предизвици и секогаш излегува посилна, вели Османи

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи вели дека во моментот има потреба за поголема политичка соработка со цел да се надминат поголем број предизици, но се уште е рано да се каже дека ќе има некаква промена во извршната власт. Ова го истакна на новинарските прашања пред почетокот на продолжението на седницата на претседателството на ДУИ во партискиот штаб во Мала Речица.

-Веќе имам кажано дека постои политички момент за поширока координација меѓу политичките партии затоа што се наоѓаме во пресрет на многу кризи. Не само кризи, прво потребата од уставните измени, второ почетокот на скринингот и почетокот на преговорите кои што бараат поблиска координација на политичките партии. Енергетската криза, економската криза, значи моментумот е таков да бара поголема координација. Дали тоа формално ќе се манифестира во форма на некаква соработка да оставиме времето да покаже, посочи Бујар Османи.

На новинарските прашања дали влезот на Алијанса за Албанците ќе значи формирање на фракција во ДУИ од редовите на ткн. Огнена група, Османи рече дека се тоа шпекулации.

-Не можам да коментирам шпекулации кои што се пренесуваат без да некој ги каже конкретно. Тоа се текстови кои ги читаме низ порталите, се повикуваат на некаква група, а нема имиња и презимиња. Да видиме овде во дебатата што ќе се разговара. Ќе се разговараат сите политички актуелности се разбира и внатрепартиски и врз основа на тоа ќе се донесат одлуки. Во ова фаза можам да кажам дека постои политички моментум за поширока координација помеѓу политички партии во пресрет на овие предизвици во кои што се наоѓа државата. ДУИ е партија која преку внатрешна дебата ги надминува сите предизвици и секогаш излегува посилна, изјави Османи.

Партискиот портпарол на прашањето дали ДУИ би отстапила минитстерско место рече дека се уште не се во таа фаза на одлучување.

Слични содржини