ДУИ: Со непојавувањето на средбата, партиите од албанскиот блок ги поткопуваат позициите на Албанците

од Nikola Popovski

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии кој бил основан по парламентарните избори од 11 декември 2016 година, преку Заедничката Декларација на партиите претставени во претходниот собраниски состав.

ДУИ иницираше состанок на 13 август, на годишнината од Охридскиот договор, после потврдувањето на изборните резултати и конститутивната седница на Собранието и откако и лидерот на Албанците, Али Ахмети лично ги контактираше по телефон сите претседатели на партиите од албанскиот блок.

„Во овие разговори, Гаши изрази подготвеност за средбата и после консултациите со Села, два дена подоцна тој се откажа. Села бараше состанокот да биде одржан по верификацијата на мандатите, но и тој се премисли. Додека Касами ја прифати поканата и го остваривме состанокот, а Тачи после првиот разговор, не се јави повеќе.

Сите наеднаш заборавија на нивните ветувања и средбата со Ахмети ја заменија со средба со Заев чекајќи на ред и не почитувајќи ја волјата на Албанците и намерно обезвреднувајќи ги преговарачките позициите на Албанците. Уште од предизборието, и потоа, овие партии ги променија нивните ставови неколку пати по ред.

Затоа, вчерашниот состанок беше свикан за да се дискутира во однос на нашите заеднички приоритети а не за да обезбедиме поддршка, туку да ги поканиме дa споделиме одговорности и заеднички да станеме дел од градењето на историјата и да ги споделиме успесите. Наспроти јавните афирмативни изјави, албанските партии, без никаква причина одлучија да го напуштат Сојузот и нашата искрена понуда да ги споделиме одговорностите. Граѓаните се тие кои што ги проценуваат сите наши намери и следствено на тоа тие ги определија улогите на сите партии за следните четири години, затоа ние ќе го предводиме обединувањето, и покрај сите пречки, опструкции и обиди за влез од споредните влезови, од прозорците и подрумите“, се наведува во соопштението од ДУИ и додаваат:

„Речиси сите обврски од заедничката декларација беа реализирани во текот на претходниот мандат, од јазичната рамноправност, заокружувањето на нормативниот дел од Охридскиот договор, изборот на првиот претседател Албанец на Собранието, новото министерство за политички систем, Преспанскиот договор и договорот за добрососедство, уставните измени, реформите во безбедносниот систем и владеењето на правото и борбата против корупцијата, членството во НАТО и преговорите за членство во Европската Унија“.

Слични содржини