ДУИ со силна поддршка за ветингот

од Ивана Рамаданова
Демократската Унија за Интеграција силно го поддржува ветингот во политиката, судството и обвинителството и изразува жалење за навредливите и несериозни реакции на нашите поранешни партнери во Владата и албанската опозиција, соопштија од Центар за комуникации на ДУИ.
„Уште без да прочитаат реченица од Законот за контрола на актуелните носители на јавните функции и на кандидатите  за избор како носители на функции, како и на судиите и обвинителите, и двете партии превземаат улога на судија, обвинител и на пропагандист, создавајќи ја истовремено тужбата, донесување на пресуда и пренесување на лажни вести“, стои во соопштението.
Од таму сметаат дека Законот за основање на агенцијата која ќе направи контрола за ветингот на политичарите, носителите  на јавните функции, судиите и обвинителите е испратен пред неколку месеци до двете други поголеми партии носители на државничка одговорност, СДСМ и ВМРО.
„ДУИ се ангажира за потполна транспарентност и информирање на граѓаните за секој кандидат за носител на јавна функција пред тие да се изберат и  да ја спречува пропагандата, лажните вести и клеветите. Ние ова го направивме во нашите редови за време на внатрепартиските избори и потполната ререгистрација на членството, со или без закон, но ги повикуваме партиите и политичарите да не го заземат улогата на судија, обвинител, новинар и да ни се придружат со нивното ангажирање за некомпромитирани лица и дискурс без клевети со подршката на овој предлог-закон“, се додава во соопштението на ДУИ.

Слични содржини