ДУИ: ВМРО блокира се европско во Собранието и им одзема на граѓаните над 500 милиони евра

од Nikola Popovski
222 прегледи

Демократската унија за интеграција смета дека коалициската блокада на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Собранието на сите закони и постапки е суштествено анти-европска, анти-НАТО и анти-американска.

Од партијата велат дека ВМРО ДПМНЕ и Левица активно и намерно блокираат над 500 милиони евра наменети за проекти во интерес на граѓаните од страна на европските финансиски институции.

-Да повториме: Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност 80 милиони евра, како и блокирањето на финансиските закони за задолжувања, 100 милиони евра од европската инвестициска банка за развојни кредити за стопанството со поволни услови и други 100 милиони од ЕБРД за ЕСМ, над 150 милиони евра за коридорите 8 и 10 – Д, додека од даночните законите зависат и уште вкупно 260 милиони евра од ЕУ и ММФ, дополнително уште стотици милиони евра за железницата на коридорот 8.

Истовремено, ВМРО работеше активно против Преспанскиот договор и членството во НАТО, не даде поддршка за референдумот како што впрочем делува и против Добрососедскиот договор или и Охридскиот Договор преку отпорот кон Законот за јазици, велат од ДУИ преку соопштение.

Додаваат дека ДУИ ги поддржува петте закони во Собрание и активно ќе работи на нивно усвојување за побрза и поевтина изградба на автопатиштата.

-ДУИ исто така се залага за уставни измени и продолжување на европскиот пат на земјата преку национален консензус и општествено помирување.

ВМРО и Левица се извор на лажни вести и пропаганда. Никаде во законот за работни односи не се споменува 60 часа работно време. ДУИ нема да дозволи ВМРО и Левица да ја чинат државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба. Заврши заложништвото на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кажуваат од партијата од Мала Речица.

Слични содржини