Дујовски: Покрај борбата против криминалот на Косово има и борба за влијание

од Берта Китинска

Ова сега е привиден мир, оти во Косово подолго време е нестабилно уште по формирањето на владата на Албин Курти, коментира во Утрински брифинг деканот на Факултетот за Безбедност Никола Дујовски.

-Да се надеваме дека ќе биде мирно, но популистите немаат за цел да обезбедат подобар живот на Северот на Косово. Факт е дека на Северот на Косово има многу криминал и нема институција што може да воспостави контрола затоа што таму интересите се испреплетени и состојбите не се решени, вели проф. Дујовски.

Албин Курти уште откако стана премиер на новата косовска влада се обидува да го утврди суверенитетот на Косово.

-Кога беше во опозиција, ставовите на Курти беа потврди. Сега се гледа дека се труди на Северот на Косово да го намали влијанието од Белград. Иако Белград и нема некоја власт таму освен на граничниот премин од едната страна и тоа што во тој дел може да се плаќа со динари, вели Дујовски.

Се вели дека ликвидацијата на Оливер Ивановиќ, српскиот претставник во Косово, веројатно беше изведена од шверцерите на стоки и шверцерите на политика што оперираат на северот на Косово.

-Таму, покрај борбата против криминалот, има и борба за влијание. Демонстрација на сила е кога се праќаат полицајци за спроведување на законот за задолжителни косовски регистерски таблички, вели Дујовски.

 

Слични содржини