Дукоски за „Фокус“: Починатиот притвореник, заразен со коронавирус, користел иста бања со Боки 13

од Vladimir Zorba

„Притвореникот кој почина бил еден спрат под ќелијата на Бојан Јовановски. Се бањале во иста бања, храна им носеле исти командири и сл. Наместо да биде во изолација, денеска беше донесен на судење. Контактирав со него. Замислете, што ќе се случи доколку е недај боже заболен. Сите што бевме во судницата постои ризик да сме заразени“.

Јовановски

Ова за „Фокус“ го истакна адвокатот на Боки 13 во случајот „Рекет“ – Сашо Дукоски, а по смртта на притвореникот во истражниот затвор „Скопје“, кој беше заразен од коронавирусот.

Адвокатот прашува како судот планира да го оддржи утрешното рочиште за случајотбидејќи на тој начин би го загрозил животот на сите кои се вклучени во процесот.

Тој истакнува и дека утрешното судење мора да биде одложено.

Слични содржини