Дуковски: Докторот констатираше дека Боки не може да го следи судењето

од Vladimir Zorba

Тврдам дека Боки 13 не е во состојба да го следи судењето. Ова денеска го изјави неговиот адвокат Сашо Дуковски по одложувањето на рочиштетот за „Рекет“.

„Боки се жали на болки во стомакот и има нагони за повраќање. Докторот констатираше дека тој не може да го следи судењето, вели Дукоски.

Судот бара конзилиарно мислење, за да ја потвдат здравствената состојба за да утврдат дали ќе може да ги следи судењата во наредниот период.

Наредното рочиште е закажано за утре во 10 часот.

И.Р.

Слични содржини