Дуковски: Јовановски бараше средба со Јовески

од Vladimir Zorba

Адвокатот Сашо Дуковски во соопштение до медиумите ги отфрли како ноторна невистина исказите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дека Бојан Јовановски не барал средба со него за да сподели доверливи информации.

„Ноторна невистина е искажана од страна на јавниот обвинител на РС Македонија дека таква средба не била побарана. Не знам кому му оди во прилог, бидејќи јас како негов бранител го прочитав писмото пред тоа да биде испратено преку затворската управа. А законска должност е јавниот обвинител да го чуе секој факт кој може да води кон евентуално процесуирање од обвинителството“, се вели во соопштението од Дуковски.

Слични содржини