Дуковски: Односот кон Јовановски е дискриминација

од Stefanija Kuzmanovska

Сами можете да бидете свесни каква е состојбата на лице кое 55 пати се носи на прегледи, рече Сашо Дуковски, адвокат на првообвинетиот во ,,Рекет”, Бојан Јовановски.

,,Не може сите лекари да грешат, сите се согласни дека треба да биде на хигиено диететски режим, кој не може да биде воспоставен во КПУ Скопје. Се испитува дали можеби чировите кои ги има на она што му е останато од желудникот се карцином”, рече Дуковски.

Тој смета дека прегледите се алиби за да кажат дека нешто се прави и дека односот кон Јовановски е дискриминација.

,,Наодите се дадени во странство, иако нашите субспецијалисти се доволни. Доколку се случи нешто со Бојан Јовановски, многу лица ќе бидат опфатени со кривични пријави. Ова е изживување”, додаде Дуковски по одложеното рочиште.

Адвокатот повтори дека не постои случај во кој човек е однесен 55 пати на лекар и бил една недела хоспитализиран, а добива таков однос.
А.Т.

Слични содржини