ДУНА: Нашата апликација беспрекорно даваше резултати, сајтот на ДИК беше цел на хакерски напад

од Vladimir Zorba

„Апликацијата на ДУНА поврзана со изборниот процес на предвремените парламентарни избори функционира најнормално затоа што е врвно изработен продукт. Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои пет минути. Но, страницата на Државната Изборна Комисија, каде беше поставена нашата апликација, беше цел на хакерски напад. Ние успешно ја завршивме работата. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно“, објаснува Александар Пајковски од ДУНА.

Според него, апликацијата е подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на ДИК.

ДУНА е компанијата која ја изработи апликацијата за следење на гласовите и изборните резултати.

„Нашата апликација е беспрекорна, но интернет страницата беше атакувана преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави“, додава Пајковски.

Делот од стајтот https://rezultati.sec.mk/ на кој треба јавно да бидат објавени податоците за резултатите и излезноста од гласањето за предвремените парламентарни избори сѐ уште не функционира поради, како што соопшти претседателот на ДИК Оливер Деркоски, надворешниот хакерски напад.

Слични содржини