„Dune“ дебитираше на врвот на бокс офисот во САД и Канада

од Vladimir Zorba

Филмот на Warner Bros. „Dune“ – уште еден обид да се претвори научно-фантастичен роман во филм или серија, викендов го освои првото место на бокс офисот во САД и Канада, пренесe „Блумберг“.

„Dune“ генерира 40,1 милиони долари од продажба на билети во северноамериканските театри за време на своето деби, според Comscore. Сумата ја исполни прогнозата на BoxOffice Pro – веб-страница која ја следи индустријата. Студиото очекуваше 30 милиони долари. Филмот беше објавен истовремено на големото платно и на HBO Max.

„Dune“, базирана на истоимената книга на Френк Херберт од 1965 година, ја раскажува приказната за еден млад аристократ кој се обидува да го одржи редот на негостопримлива пустинска планета. Во филмот играат Тимоти Шаламе, кој беше номиниран за Оскар за неговата главна улога во „Call Me by Your Name“, како и ѕвездата на Spider-Man: Homecoming – Зендаја.

Филмот е во режија на Дени Вилнев, кој исто така стои зад Blade Runner 2049. Вилнев беше меѓу првите критичари на планот на WarnerMedia да ги објави своите филмови од 2021 година и во кината и на интернет за да се справи со пандемијата и да ја поддржи стриминг услугата HBO Max.

Слични содржини