Дурант се расправаше со соиграч за време на тренингот, па сподели сè на Твитер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Американските кошаркари во Токио се скарале на тренинг , а потоа го пренеле конфликтот на социјалните мрежи.

Бам Адебајо го прекршил непишаното правило од шутерски тренинг и ја зел топката со која Кевин Дурент погоди тројка, што ја налути суперѕвездата на Бруклин Нетс.

Дурент го погоди шутот, а Адебајо ја прифати топката под кошот и наместо да му ја врати, тргна со неа кон линијата за три поени за да може и тој да шутира. Неколку моменти подоцна Дурент почнал да приговара, а Адебајо се бранел дека тој зел друга топка и дека неговата била земена од Дамијан Лилард.

Адебајо ја следеше ситуацијата низ смеа, а на крајот немаше друг избор освен да му ја врати „неговата“ топка на Дурент.

За Дурент, сепак, тоа не беше доволно, туку тој сподели сè на Твитер, каде е познат по своето детско однесување и реакции, а на Адебајо тоа повеќе не му беше смешно.

„Дечкото виде дека постигнав тројка од корнер и ја зеде топката која ја обележав. Друже, мора да научиш да почитуваш“, напиша Дурент, обележувајќи го соиграчот.

Центарот на Мајами му одговори и го обвини дека лаже.

„Престани да лажеш. Виде дека Лилард ја зема твојата топка. Само се поставуваш како да сум ти помал брат“, напиша Адебајо со емоџи со среден прст.

Американците го играат првиот натпревар на олимпискиот турнир во недела против Франција.

Слични содржини