Дури 155 милиони луѓе се погодени од кризата со снабдување на храна

од Vladimir Zorba

Скоро уште 20 милиони луѓе се соочија со криза со снабдување со храна минатата година, според последниот извештај на Глобалната мрежа против кризата со снабдување со храна.

Вооружените конфликти и економските шокови – вклучително и пандемијата Ковид-19 и екстремните временски услови – принудија најмалку 155 милиони луѓе во акутна несигурност со снабдување со храна во 2020 година, што е рекорд за пет години, се вели во извештајот.

Хуманитарната агенција, основана од Европската унија и Обединетите нации во 2016 година, предупредува дека несигурноста продолжила да се влошува од 2017 година, кога во својот годишен извештај за првпат укажа на криза со храна.

„Ние мора да сториме се што можеме за да го запреме овој маѓепсан круг. Во 21 век нема место за глад и гладување“, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, пренесе Танјуг.

Во последниот извештај се предупредува и дека оваа година не се очекува подобрување на состојбата, пред се поради конфликтот, но и пандемијата „Ковид-19“.

Две од три лица погодени од кризата со храна во 2020 година живееја во Африка, иако не беа поштедени ниту другите делови на светот, како што се Јемен, Авганистан, Сирија и Хаити, кои се меѓу 10-те најтешко погодени земји.

„Пандемијата ја откри кревкоста на глобалниот систем на снабдување со храна и потребата за поправедни, поодржливи и поеластични системи“, се вели во заедничката изјава на ЕУ, Организацијата за храна на Обединетите нации, Светската програма за храна на Обединетите нации и УСАИД .

Во соопштението се додава дека кризата со храна ќе се влоши доколку нема радикална трансформација на земјоделско-прехранбените системи.

Слични содржини