Дури 20.000 странски војници на границата, Лукашенко предупредува, присутни се авијација и оклопни возила

од Milan1

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека во моментов на границите со Белорусија се наоѓаат околу 20.000 странски војници, пренесува весникот „СБ. Белорусија север“.
– Не се распоредени само граничари на границите на соседите, пред се на Полска. Има посилна ударна група која моментално брои околу 20.000 војници со авијација и оклопни возила. Сето тоа се прави под превезот на заштита на Европската унија од упадот на бегалците од земјите кои се бомбардирани и ограбени од западната коалиција предводена од Соединетите Американски Држави, нагласи белорускиот лидер.

Тој рече и дека има информации за обиди за доставување оружје на мигрантите на границата со Полска, пренесува белоруската агенција „Белта“.

– Сега ни е најважно да ја заштитиме нашата граница и нашиот народ, да спречиме конфликт. Знам дека имало обиди за доставување оружје во мигрантскиот камп, како и обиди за провокации кои би можеле да доведат до воен конфликт. Ова во никој случај не смее да се дозволи. Овој таканаречен проблем не смее да предизвика жестока конфронтација, изјави Лукашенко на средбата за ситуацијата на границата.

Во исто време, тој ја обвини Европската унија дека се откажува од проектите за прекугранична соработка наместо да бара решенија заедно со белоруската страна.

– Дополнително се закануваат со нови пакети санкции и изградба на петметарски ѕид, размислуваат за целосно затворање на границите со Белорусија. За волја на Бога. Ако тие немаат што друго да прават, ние немаме ништо против тоа, изјави Лукашенко.

Разговор со Меркел

Претседателот на Белорусија на средбата најавил и дека за време на телефонскиот разговор со германската канцеларка во заминување Ангела Меркел во понеделникот предложил опции за решавање на кризата, соопшти прес-службата на претседателот.

Страните се договорија засега да не ги откриваат сите детали. Меркел ќе разговара за ситуацијата со членките на ЕУ, а потоа белоруската и германската страна повторно ќе стапат во контакт.

Лукашенко изјави дека никому не му треба влошување на ситуацијата – ниту на Минск, ниту на Брисел.

Тој потсети и дека белоруските власти не распоредиле „ниту еден вод, ниту една чета“, додека од другата страна на границата има околу 20.000 вооружени лица.

Слични содржини