Дурловски: Може да земат многу работи, но никогаш нема да ни ја одземат слободата

од Берта Китинска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест истакна дека сегашната власт им се реваншира на поддржувачите на најголемата опозициска партија, и критичарите на владините политики.

-До кога ќе ја чекаме правдата. 30 години на овој народ му поминаа во некакво чекање. Доста е веќе со празни ветувања, треба да се делува. Народот бара дела. Во овој хибриден режим се владее со терор, притисок и реваншизам. Ништо не се смени овие четири години,изјави Мицкоски.

На протесто во своето обраќање пратеникот Игор Дурловски изјави дека никогаш нема да биде одземена слободата

Можам да ни земат речиси се, но никогаш нема да ни ја одземат слободата, за која ќе се бориме со сите средства.Се обидоа да не замолчат, да не понижат, да ни ги одземат елементарните човекови права. И може да земат многу работи, може да ни земат речиси се – но никогаш нема да ни ја одземат слободата за која секогаш ќе се бориме. Никогаш нема да ни го одземат достоинството, храброста и правото да ја зборуваме вистината. Никогаш нема да ни го одземат правото да кажеме МАКЕДОНИЈА! , изјави Дурловски.

Слични содржини