Дувњак за Камчев: Сите крупни работи се случуваат за викенди, има многу малку податоци во белешката на АНБ

од Nikola Popovski

„Целиот случај со Орце Камчев е обвиткан со нејаснотии, особено што ако може да се направи некаква паралела изглегува дека сите крупни работи се случуваат за викенди и празници, но за разлика од претходниот пат, сега нема лавина од информации и реакции и донекаде тоа е добро, поради големата испреплетеност во вестите што стигнуваат“, изјави новинарката Гордана Дувњак за емисијата „Утрински брифинг“.

Според неа, во случајот со Камчев, одлуката на обвинувањата и на Судот се темели на службена белешка на АНБ, која што притоа не ја видовме како содржина.

„Има многу малку податоци и се на ниво на шпекулации. Шпекулациите се дека наводно има сознанија за бегство и средби со странски разузнавачи. Други детали нема, обвинителката што го води случајот со „Плацевите на Водно“ и „Империја“, вчера молкум помина покрај новинарите, но гледам и дека постои воздржаност и во тонот на соопштението на Обвинителството“, смета Дувњак.

Според неа факт е дека станува збор за исклучително моќен човек со многу големи, развиени врски иво политичкиот свет и во медиумите.

„Да не заборавиме дека во 2016 година тој беше прогласен од „Форбс“ за најбогат Македонец, со 22,8 милиони евра проценето богатство. Но и за Камчев и за сите други се мора да биде на ниво на сомнежи, а работата треба да ја заврши Овинителството и судовите. Според мене е недозволиво да се отвори еден таков голем случај како „Империја“ каде што се споменуваа имињата на Камчев, Мијалков, Панделевски, а по четири години да немаме обвинение, вели Дувњак.

 

Слични содржини