ДВ: Србија не е демократија, да се прекинат преговорите со ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Србија не е демократија и преговорите за нејзино членство во ЕУ треба да бидат прекинати сè додека е на власт Александар Вучиќ, кој преживува на власт користејќи ги методите на неговиот ментор Слободан Милошевиќ, брутално ја задуши опозицијата и ги контролира медиумите и судството, пишува Дојче веле (ДВ).


Српскиот претседател Александар Вучиќ претпочита да верува дека странските сили стојат зад масовните демонстрации, отколку да признае дека тие се израз на незадоволство од неговата влада и затоа шири теории на заговор, што ги научи од неговиот ментор Слободан Милошевиќ, коментира ДВ.

Откако забележа убедлива победа на „изборите“, бојкотирани од опозицијата и сега контролира две третини од местата во парламентот, Вучиќ нема објаснување за тоа како „странските агенти“ можат да контролираат десетици илјади луѓе ширум Србија. Ниту, пак, тој наведува никакви имиња. Тој едноставно ги шири истите теории на заговор кои датираат уште од времето на владејачката југословенска комунистичка партија“, пишува ДВ.

Според коментарот, тој „го научил тоа од неговиот ментор, поранешниот претседател Слободан Милошевиќ, кој исто така мутирал од комунист во националист“. „Вучиќ, исто така, тврди дека е демократски владетел и ги усвои методите на неговиот ментор да остане на власт со задушување на опозицијата, преземање на медиумите и чување на судството под контрола“.

Во коментарот се вели дека тој, исто така, одговорил на демонстрациите со испраќање на своите „јуришници“, униформирани или провокатори во цивилна облека, кои, спротивно на тоа што тврди Вушиќ, не се воздржале, туку ги тепале мажите и жените кои биле паднати на земја, па и деца. „Домашните безбедносни сили веќе долго време се срам за државата Србија“, велат од ДВ.

„Србија не е демократија. И додека тоа не стане случај, не треба да се смета за потенцијална членка на Европската унија. ЕУ има доволно проблеми со автократските лидери во своите редови“, се посочува во коментарот.

ДВ исто така наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел го поддржувала Вучиќ премногу долго и дека може да фрли сенка на нејзиниот успешен мандат на канцеларката.

Кога Германија го презеде претседателството со ЕУ, убави зборови за владеењето на правото и демократијата можеше да се слушнат од Меркел, пишува ДВ.

„Сепак, зборовите не се доволни. Потребна е акција. Преговорите за пристапување на Србија треба да бидат прекинати сè додека Вучиќ е на власт. Претставниците на ЕУ треба да побараат независна истрага за бруталните напади на демонстрантите. Ако Србија одбие да соработува, на нејзините министри треба да им биде забранет влез во ЕУ“, смета ДВ.

Слични содржини