ДВ: Угледот на Јанез Јанша е нарушен во ЕУ

од Vladimir Zorba

Словенија ќе го преземе претседателството со Европската унија на 1 јули. Уште во декември, премиерот Јанез Јанша, како и обично, му даде на Брисел груб преглед на неговите насоки, пишува ДВ.

Балканот е во фокусот. Јанез Јанша е во добри односи со Виктор Орбан. На неговиот колега во соседна Унгарија. Орбан ги финансира медиумите од десницата, насочени кон Јанша во Словенија. Преку Љубљана и ваквите медиуми во Северна Македонија, чиј поранешен премиер Никола Груевски, беше осуден за корупција, доби азил во Унгарија. Орбан беше, исто така, тој што го постави Оливер Вархеји, неговата доверлива личност, за нов европски комесар за проширување.

Во својот мандат, овој Унгарец првенствено се грижи за шансите на Србија за влез во ЕУ. Во вака креираната мрежа, иницијативите и „нон-пејперите“ веќе не остануваат незабележани.

Во Брисел не се смета веројатно дека Јанез Јанша навистина може да ги истурка соништата на неговите унгарски и српски пријатели во Европа.

Угледот на словенечкиот премиер е нарушен по неговото последно појавување во Европскиот парламент. Кога требаше да одговори на прашањата на пратениците за слободата на медиумите во Словенија. Наместо тоа, тој инсистираше на прикажување на еден филм. Кога парламентот се спротивстави, Јанез Јанша едноставно ја прекина интернет-врската.

Исто како што унгарскиот комесар Вархеји во голема мерка беше турнат настрана, сложените структури на Европската унија овозможуваат неутрализирање на претседателството на Словенија со Европскиот совет.

Но, иницијативите како „нон-пејперот“ не се само средношколски фантазии. Наскоро ќе поминат три години откако српскиот претседател Александар Вучиќ, со својата желба за етничка корекција на границите во Европа, наиде на голема благонаклоност. Еден социјалдемократски комесар за надворешна политика, еден демо-христијански комесар за проширување и еден зелен претседател побараа нова поделба на територијата меѓу Србија и Косово.

Колку подалеку се европските хоби- стратези од регионот … Толку е поголемо искушението да се пресече таканаречениот „Гордиев јазол“ од неразбраните „етнички конфликти“ со еден удар.

Само засега, еден принц Бизмарк не е на повидок, додаваат од ДВ.

Слични содржини