Двајца скопјани уапсени поради кражба во фабрика во Велес

од Vladimir Zorba

Полициски службеници на велешкото СВР синоќа, во 20.30 часот, ги лишиле од слобода 22-годишните А.Ц. и В.А. од Скопје поради кражба во фабрика во Велес.

Како што информира денеска Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес, тие од правно лице – фабрика во Велес украле предмети, кои се пронајдени и вратени на сопственикот.

При личен преглед кај В. А. бил пронајден и нож.

-Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава, информираат од СВР Велес.

Слични содржини