Два брзи рецептa со Нутела

од Stefanija Kuzmanovska

Нутела мафини

Со малку фантазија можете да направите мафини кои не само што се супер вкусни, туку и изгледаат убаво за да ги послужите на трпеза, а особено ќе ги воодушеват најмладите.

Состојки (за 6 мафини):

– 130 грама брашно

– 1 лажичка прашок за пециво

– 50 грама обичен јогурт

– 50 мл полномасно млеко

– 150 грама шеќер

– 50 грама путер

– 1 јајце

– 50 грама горчлив какао во прав

– 90 грама нутела

– бисквити за декорација

Подготовка:

Измешајте ги сите течни состојки во прилично голем сад и на ист начин постапете со сувите состојки користејќи посебен сад. Кога ќе заврши овој процес, соединете ги во еден сад и измешајте ги со лажица додека не се соединат совршено.

Со така добиениот крем наполнете ги чашките со кои ќе ги креирате вашите мафини. Се пече на 180 степени околу 20 минути. Доколку се сомневате, проверете дали се испечени со чепкалка за заби. Извадете ги од рерна и оставете да се изладат на собна температура. Украсете ги! Врз секој мафина ставете малку нутела и декорацијата надополнете ја со бисквити или јагоди.

Нутела бомбици

Состојки:

– 2 лажици шеќер

– 2 лажици Нутела

– 50 до 60 грама мелени суви бисквити

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во сад додека не добиете убава компактна смеса. Додадете повеќе мелени бисквити во зависност од конзистентноста што сакате да ја постигнете. Со влажни раце обликувајте ги топчињата, валкајте ги во горчливо какао (но можете да користите и сечкан кокос, ф’стаци, лешници и сл.) и ставете ги топчињата во сад кој ќе го оставите во замрзнувач околу 15 минути.

Слични содржини