Два града слободни од ковид-19, се очекува одлука за намалување на рестрикциите

од Берта Китинска

Се намалува бројот на нови случаи на ковид 19 во земјава.Вчера беше регистриран висок број оздравени пациенти.

Поради стабилизирање на состојбата Комисијата за заразни болести на минатата недела  предложи попуштање на мерките.

-Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

-Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

-Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

-Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

-Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

-Полицискиот час останува на сила.

-Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Според податоците на министерството  е забележано намалување на активните носители на вирусот во Скопје каде на 28 мај имало активни 983 случаи додека денеска има 506. По еден активен случај има во Валандово, Дебар, Пехчево, а Дојран и Демир Капија немаат заразени лица со ковид 19.

Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.

Слични содржини