Два месеца по земјотресот во Турција: „Спиеме во шатори, стотици делат само два тоалета“

од Stefanija Kuzmanovska

Кога гледам во мојот дом сега, не ми се допаѓа. Се плашам, изјавило момче (8) додека се присетувало на времето пред земјотресот во Турција. Имал пријател со кој секој ден возел велосипед. Два месеца подоцна, тоа повеќе го нема, пишува „Дејли Мејл“.

Неговиот татко, Ахмед Кумал, на новинарите им ги покажа урнатините кои некогаш биле нивниот семеен дом. Тие биле заробени под него седум часа по разорниот земјотрес. Нашле доволно голема дупка од која се спасило целото семејство – татко, мајка, близнаци (3) и два сина (5 и 8).

Сега спијат во импровизиран шатор кој Ахмед го изградил во провинцијата Хатај. На тоа место повеќе од 900.000 луѓе живеат надвор од своите домови.

Семејството на Ахмед спие во една просторија, на донаторски душеци, до друга просторија каде што се капат и готват. Вода им се носи во цистерни.

Тие не се сигурни дали ќе добијат контејнер за спиење.

„Тешко ни е“, рекла Лејла, сопругата на Ахмед.

„Ладно е, а ние немаме со што да се грееме. А наскоро ќе биде многу жешко“, истакна таа.

Редици за храна

Турските власти имаат намера за една година да изградат 319.000 нови згради. Сепак, има многу критики, особено кон изведувачите на претходните работи и нивната неподготвеност за вакви ситуации.

На улица живее и Фатих Квак, заедно со сопругата и четирите деца.

„Порано доаѓавме да играме во паркот, но сега тој ни е дом. Кога врне, шаторот протекува. Стотици користат два тоалета, нема вода и чекаме во редици за храна“, рече тој.

Слични содржини