Два милиони литри вода извадени од резервоарот во потрага по телефон

од desk4

Службеник на индиската влада е суспендиран откако наредил да се исцеди резервоарот за да може да си го најде телефонот.

Инспекторот за храна Раџеш Вишвас го испуштил својот паметен телефон Samsung во браната додека правел селфи, објави весникот „Тајмс оф Индија“.

Во текот на три дена, повеќе од два милиони литри вода беа испумпани од акумулацијата за да може да се извади телефонот.

Затрупаниот телефон беше пронајден, но не се вклучи.

Вишвас најпрво побара од нуркачите да го бараат телефонот, тврдејќи дека тој содржи чувствителни владини податоци.

Откако не можеле да го најдат, побарал да се испразни резервоарот со помош на дизел пумпи.

Водата испразнета од браната би била доволна за наводнување на најмалку 1.500 хектари земја, објавија локалните медиуми.

Вишвас им рече на новинарите дека водата е неупотреблива за наводнување и дека добил дозвола од висок функционер да го исцеди резервоарот.

Слични содржини