Два нови смртни случаи кај лекари заразени со коронавирус во источна Франција

од Aleksandar Petrovski

 Двајца доктори од Горна-Рајна и Мозел починаа во неделата од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА.

Според клиниката „Дијаконат“ во Мулуз (Горна рајна), Жан-Мари Боегл, 66-годишен акушер-гинеколог, починал „како резултат“ на Ковид-19.

Во Мозел, Силван Велинг, 60-годишен лекар по општа медицина, почина во болницата Сен Аволд каде што беше примен во средата заради „респираторни проблеми“, рече Жилбер Вебер, градоначалник на комуната.

Вчера беше објавено дека во саботата почина и докторот ургентист Жан-Марк Разафиндранзи, 67 години во Компиењ.

Слични содржини