Два нови земјотреси во Загреб!

од Vladimir Zorba

Загреб и регионот вечерва беше погоден од два земјотреси.

Првиот со јачина од 3,2 степени по Рихтеровата скала удри на на 7 километри северно од Загреб.

Вториот земјотрес беше поблаг – 2,2 степени.

Првиот земјотрес е регистриран во 20,53 часот, а вториот во 20,55 часот, јави хрватската сеизмолошка служба, цитирана од хрватските медиуми.

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб во неделата наутро.

Слични содржини