Два послаби потреси во Хрватска, еден кај Ријека другиот повторно кај Петриње

Два послаби земјотреси, со јачина од два степени според Рихтеровата скала, ја тресеа Хрватска во текот на ноќта.
Прво, кратко по полноќ, е регистриран земјотрес на 15 километри западно од Петриње.

Потоа, во 02.43 часот се почувствува земјотрес во областа Риека, со епицентар во областа Платак, јавува хрватски Н1.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил на два степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на 15 километри северо-источно од Риека.

Слични содржини