Два ресторани во Сплит служат храна врз голи девојки, цената е 150 евра

од Nikola Popovski

Сплитските ресторани „Olive Tree“ и „Roof 66 / Fetish, Food & Meu“ нудат суши кои се служи врз голи девојки. На нивното мени оваа услуга е напишана како „уметничка изведба на украсување и јадење суши од тело“.

Цената за оваа услуга не е за сечиј џеб. За ваков оброк во два ресторани во Сплит ќе треба да платите помеѓу 233 и 325 KM (околу 150 евра) по лице, а цената зависи од времето на посета на овој ресторан, пишува „Klix.ba“.

И двата ресторани се во сопственост на иста компанија, а се наоѓаат на два краја на брегот на Сплит. Во согласност со расположението и вкусот на моќната клиентела, оваа егзотична сеанса може да се одржи „на спектакуларна живописна локација во срцето на Сплит со поглед на пристаништето во Сплит и Рива, палатата Диоклецијан и Марјан“ или „во бастионот Бернарди во визуелно стилизиран простор кој создава опуштена атмосфера со неочекувани елементи кои поттикнуваат интеракција“.

„Olive Tree“ беше отворен во 2016 година, а тогаш на социјалните мрежи се појави оглас за ваков вид на работа.

Слични содржини