Два силни земјотреси го погодија Иран

од Nikola Popovski

Два силни земјотреси ја погодија во неделата јужната иранска провинција Хормозган во близина на пристанишниот град Бандар Абас, јави државната телевизија, наведувајќи дека засега нема вести за штети или жртви.

„Два земјотреси со јачина од 6,3 и 6,4 степени го потресоа јужен Иран. Засега нема вести за загинати или повредени“, соопшти телевизијата, цитирајќи локални медиуми.

„Земјотресот беше почувствуван во неколку јужни ирански градови во провинцијата Хормозган“, изјави претставник на локалната државна телевизија, додавајќи дека спасувачките екипи се испратени во погодената област.

Земјотресот бил почувствуван и во северниот и источниот дел на Обединетите Арапски Емирати, соопшти Националниот метеоролошки центар во ОАЕ.

Слични содржини