Два случаи на Ковид-19 во Вардар, нема да се одигра дуелот со ПСЖ

од Nikola Popovski

Македонскиот ракометен шампион Вардар не отпатува во Франција каде утре требаше да го игра натпреварот со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите.

Во таборот на „црвено-црните“ има два позитивни случаи на ковид-19, па побарано е одложување на дуелот со ПСЖ.

„Натпреварот од 6. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 е одложен. Средбата беше планирана за 28 октомври во Париз. Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање. По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин. За Вардар ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. И ПСЖ има еден одложен меч оној со ПИК Сегед“ – се вели во соопштението од РК Вардар 1961.

Слични содржини