Два случаи на мајмунски сипаници во Бугарија

од Берта Китинска

Бугарското Министерството за здравство информира дека во Бугарија се потврдени два случаи на мајмунски сипаници.

Пациентите се мажи на возраст од 41 и 44 години. Двајцата се хоспитализирани и се во добра општа состојба.Мајмунската сипаница се смета за поблага болест од сипаницата, која беше искоренета во 1980 година. Патогенот се пренесува од човек на човек преку близок физички контакт.

Мајмунската сипаница не се шири лесно меѓу луѓето, соопшти Здравствената агенција на ЕУ кон крајот на мај.

Кон крајот на мај, СЗО предупреди дека и покрај ниската инфективност, почетокот на летната сезона и големите собири на луѓе за време на празници, забави и фестивали, ширењето може да се зголеми.

Некои европски влади веќе почнаа да складираат вакцини против сипаници.

Слични содржини