Два видливи симптома кои ни покажуваат дека имаме намален имунитет

од Stefanija Kuzmanovska

За да бидете здрави и да имате имунитет на високо ниво, неопходно е да му обезбедите на организмот оптимална количина на потребни хранливи материи. А како да знаете дали имате недостаток на некои витамини и минерали?

Витамини и минерали најчесто се внесуваат преку исхрана, нивната улога е да му овозможат на организмот нормално функционирање и доволно енергија за да го „издржиме“ денот.

Кога ги нема доволно, тоа може да предизвика разни тегоби и здравствени проблеми, кои се изразуваат на повеќе начини, а овие два се сигурни показатели дека не му ја обезбедуваме на организмот потребната доза на хранливи материи, поточно витамини.

Блед тен

Лицето е прво што покажува разни недостатоци во телото, вклучително и недостаток на витамини, бидејќи тогаш тенот станува поблед од вообичаеното. Кога тенот бледее, тоа значи дека на телото му недостасува витамин Б12, кој најмногу го има во месото (пилешко и мисирка) и рибата.

Оштетена коса

За убава коса, не само што е потребна надворешна нега, туку и потребно е да се внесат потребните хранливи состојки преку здрава исхрана. Косата е таа што може да покаже кога на телото му недостасуваат витамини, а симптомите на овој недостаток се сува и оштетена коса.

Слични содржини