Два воени авиона се урнаа во Индија, загина пилот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Два индиски воени авиона се урнаа денеска во близина на градот Гвалиор во индиската држава Маџа Прадеш, а еден пилот загина, соопшти военото воздухопловство на земјата.

„Авионите беа на рутинска оперативна обука. Еден од тројцата пилоти кои учествувале во мисијата починал од повредите. Наредена е истрага за да се утврдат причините за несреќата“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

Официјални лица претходно соопштија дека еден од авионите се урнал во државата Маџа Прадеш, а другиот во соседната индиска држава Раџастан.

Индија денеска известува дека станува збор за авионите Сухој-30 и Мираж 2000 и дека пилотите на Сухој преживеале, додека пилотот на Мираж загинал.

Претходно индиските медиуми објавија дека двајца пилоти се катапултирале и се здобиле со полесни повреди.

Слични содржини