Дваесет години владеење на Владимир Путин: Како рускиот претседател стана култен лик во светот?

од Nikola Popovski

Денес, пред 20 години, Владимир Путин за првпат беше избран за претседател на Русија, но веројатно нема да ја одбележи годишнината поради густиот распоред и пандемијата на коронавирусот.

20-те години, од кои 15 беше претседател и пет премиер, честопати беа турбулентни заради големиот број меѓународни конфликти, економската криза, природните непогоди, но сето тоа не ја спречи Русија да развива и спроведува реформи, објави Тас.

Како што се наведува, она што е специфично за Путин е дека, иако неговата функција е јавна, рускиот претседател претпочита да ги чува личните работи, вклучително и оние поврзани со неговото семејство, надвор од очите на јавноста.

Неговата биографија наведува дека тој има две возрасни ќерки, дека е разведен, но има и внуци.

Путин го наследи Борис Елцин на 31 декември 1999 година, а за време на претседателските избори на 26 март 2000 година, Путин порази 11 други кандидати.

Ден по изборите, Путин рече дека имало многу работа пред Русија, но има идеја за тоа што треба да се направи.

Оттогаш, светот и Русија драстично се променија.

Освен малите осцилации за време на реформите во пензискиот фонд и придобивките од социјалната заштита, популарноста на Путин е далеку поголема од таа на другите политичари.

Путин сега е предмет на култ – слики на рускиот лидер може да се најдат на маици, ножеви, часовници, календари и патики. Прикажан како акционен херој, кризен менаџер, бранител на нацијата, пренесува британски Индипендент.

Слични содржини