Дваесет лица се водат како исчезнати под урнатините на мостот во Џенова

од desk2

 

Главниот обвинител на Џенова во четврток соопшти дека 20 луѓе се водат за исчезнати под урнатините на мостот што падна, покрај 39 лица за кои е потврдена смртта.

Спасувачите трагаат низ тони бетон и други урнатини од падот на мостот во вторникот.

Главниот обвинител Франческо Кози денеска изјави дека „меѓу 10 и 20 луѓе се водат како ислезнати“.

Министерот за внатрешни работи Матео Салвини изјави дека е тешко да се одреди точната бројка затоа што некои за кои нивни семејства јавиле дека се исчезнати може да стигнале до своите дестинации, но не контактирале никого во последните денови пренесе Associated Press.

Слични содржини