Дваесетгодишен Арачиновец осомничен за продажба на марихуана

од Nikola Popovski

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против дваесетгодишен жител на Арачиново, поради основано сомнение за неовластена продажба на марихуана.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот во својот дом во Арачиново, неовластено заради продажба држел марихуана со нето маса од 1007,8 грама, скриена во плакар во подрумската просторија. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во домот на 23 февруари.

Поради опасност осомничениот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор.

Слични содржини